Хроника
Оружје пронајдено при претрес во село Стрезовце, приведен 77-годишен кумановец
На 06.08.2026 во 17:35 часот во с.Стрезовце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишија од слобода К.И.(77) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.
При претрес во негови простории во с.Стрезовце, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка и две воздушни пушки. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
август 7, 2026
