Хроника
Приведен Германец, со дрон ја снимал караулата на Армијата во Радожда
Германски државјанин со дрон неовластено ја снимал караулата на Армијата во струшкото село Радожда, полицијата го привела, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера, во 14 часот и 30 минути во струшкото село Радоджа, од слобода бил лишен А.С.(56) од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ согласно член 350 од Кривичниот законик.
Лицето, како што е наведено, било затекнато како со дрон ја снима караулата во селото Радожда, сопственост на Армијата, место што е во забранета зона за снимање.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.
август 7, 2026
