Хроника
Им се заканувал на родителите во алкохолизирана состојба, приведен неготинец
Полициски службеници од ОВР – Неготино утрово во 6:10 часот го лишиле од слобода 40-годишниот неготинец А.А., постапувајќи по претходна пријава дека им се заканувал на неговите родители, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека А.А. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,17 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираа од СВР – Велес.
август 7, 2026
