Connect with us

Свет

Најмалку двајца мртви во пукотница во училиште во Тајланд

Најмалку две лица загинале, а повеќе други се повредени во пукотница училиште во Тајланд.

Според извори на службите за итна медицинска помош, загинатите најверојатно се наставници. Мотивот за нападот засега не е познат.

Пукањето се случило утринава во училиштето „Дебсирин Нонтабури“ во покраината Нонтабури, северно од Бангкок.

Според првичните информации од полицијата, осомничениот напаѓач бил тинејџер, за кој безбедносните сили уште соопштија дека е мртов.

На местото на настанот се распоредени голем број полицајци, спасувачки и медицински екипи, додека учениците, наставниците и останатиот персонал биле евакуирани од училиштето.

Според медиумските извештаи, во инцидентот се повредени дваесеттина лица, од кои некои се во критична состојба.

Засега нема официјална потврда за бројот на загинати и повредени.