Свет
IranWire: Иранските лидери се загрижени за влошената здравствена состојба на Моџтаба Хамнеи
Два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјавија за „ИранВајер“ (IranWire) дека Моџтаба Хамнеи се нема сретнато со ниту еден член на кабинетот од американскиот напад врз комплексот на Врховниот лидер и убиството на неговиот татко и други членови на семејството на 28 февруари.
Според двата извори, гласините дека тој се наоѓа во исклучително критична состојба и дека би можел да почине во секој момент, постојано циркулираат во највисоките кругови на власта.
Откако Моџтаба Хамнеи го презеде лидерството, тој се нема појавено во јавноста ниту пак одржал некаков говор; официјалните новински агенции имаат објавено само неколку писма кои му се припишуваат нему. Ова отсуство ги подгреа шпекулациите во врска со здравјето и опстанокот на третиот Врховен лидер на Исламската Република, пренесува порталот.
август 7, 2026
