Connect with us

Вести

ДИК усвои одлука за дополнителни средства за надоместоци за избирачки одбор за спроведените локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 11. седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за доделување средства на општинските изборни комисии за надоместоци на избирачките одбори и општинските изборни комисии во општините со блокирани жиро-сметки.

Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ појасни дека дополнувањето се однесува на претходно донесената одлука за финансирање на надоместоците за спроведувањето на локалните избори во 2025 година и повторените избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа одржани во јануари 2026 година.

-Ова одлука е за дополнување на Одлуката за доделување на општински изборни комисии за надоместоци за избирачки одбори и општински изборни комисии во општини кои имаат блокирани жиро-сметки за спроведување на локалните избори за советите на општините и Советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје 2025 година и спроведување на повторни избори за градоначалник на Општина Гостивар, на Општина Врапчиште, на Општина Маврово и Ростуше и на Општина Центар Жупа во јануари 2026 година. Ја носиме по претходна поднесено барање од Општина Делчево за технички пропуст при пресметката за едно избирачко место, како и по добивање позитивно мислење од Министерството за финансии дека средствата се веќе обезбедени во рамките на одобрениот буџет на Комисијата за 2026 година. Овие средства се исклучиво наменети за надоместоците за членовите на избирачкиот одбор за спроведените локални избори – појасни Маричиќ.

На седницата членовите на ДИК го усвоија и тригодишниот План за вработувања и унапредувања за периодот од 2027 година.

-Станува збор за редовна законска обврска, која согласно членот 20 б од Законот за вработените во јавниот сектор, ДИК најдоцна до 1 септември во тековната година треба да изготви и достави предлог-план за вработувања и унапредувања до Министерството за финансии – истакна Маричиќ.

Членовите на ДИК ја усвоија Одлуката за ангажирање на лица во работната група за серверска и мрежна инфраструктура, одржување на бази на податоци и обработка на Избирачки список и определување на надоместок за ангажираните лица.