Свет
Полска прогласи највисоко ниво на предупредување за опасна горештина во Варшава и во поголемиот дел од земјата
Полската метеоролошка служба денеска издаде највисоко предупредување за жештини за Варшава и поголемиот дел од земјата поради продолжениот топлотен бран.
Според прогнозата, во југоисточна Полска се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 степени, а за во Варшава се предвидуваат 38 степени.
Исто така се прогнозираат тропски температури и во текот на ноќта.
Премиерот на Полска, Доналд Туск апелираше работодавачите да им дозволат на вработени да работат од дома
август 6, 2026
