Свет
Турските воздухопловни сили првпат ќе имаат жена генерал
Високиот воен совет на Турција денеска ја унапреди полковник Јозлем Карапанар во бригаден генерал. Таа е прва жена генерал во турските военовоздухопловните сили.
На денешната седница на Виусокиот воен совет, со кој претседава турскиот претседател Реџеп Тајип Ердогн, беа разгледани и други унапредувањата, назначувањата и пензионирања во вооружените сили на земјата.
Турските воздухопловните сили сега имаат нов врховен командант, откако претходниот, генерал Зија Џемал Кадиоглу беше пензиониран. Него ќе го замени генерал Рафет Далкаран, претходниот командант на борбената авијација.
август 5, 2026
