Фудбал
СП2026: Доку се врати во кампот на белгиската репрезентација
Фудбалерот на Манчестер Сити, Џереми Доку, се врати во кампот на белгиската репрезентација за Светското првенство, откако привремено отпатува во Англија за да присуствува на раѓањето на своето прво дете.
Доку денеска се врати во базата на Белгија во Сиетл, пропуштајќи го ремито без голови против со Иран за да присуствува на раѓањето на својот син, Прајз.
Белгиската фудбалска асоцијација соопшти дека Доку отпатувал во Лондон со одобрение на официјалните лица и бил придружуван од лекар пред да ѝ се приклучи на репрезентацијата за следниот натпревар од Групата Г против Нов Зеланд.
Доку играше на првиот натпревар на Белгија против Египет (1-1), но го пропушти ремито без голови со Иран во второто коло.
Пред да го напушти кампот, Доку рече дека ниту еден родител не би сакал да го пропушти раѓањето на своето прво дете.



