Формула 1
МотоГП: Бањаја го напушта Дукати на крајот од сезоната
Италијанскиот мотоциклист и двократен светски првак во МотоГП класата, Франческо Бањаја, ќе го напушти Дукати на крајот од сезоната, потврди денеска италијанскиот тим.
Бањаја го напушта Дукати по осум сезони, во кои двапати го освои шампионатот во Мото ГП.
Италијанецот забележа 31 победа, најмногу од кој било друг мотоциклист во историјата на Дукати, како и 62 подиуми и 28 пол позиции.
Во актуелната сезона, Бањаја во моментов е на седмото место во генералниот пласман на шампионатот во Мото ГП, што продолжува следниот викенд со Големата награда на Холандија.



