Connect with us

Фудбал

Ипсвич го назначи О’Нил за нов тренер

Повратникот во Премиерлигата го назначи Гери О’Нил за нов тренер.
„Чест ми е да бидам тренер на овој голем фудбалски клуб. Внимателно го следев напредокот што клубот го постигна во последните неколку години и многу сум возбуден што имам можност да го водам Ипсвич во Премиер лигата“, рече 43-годишниот О’Нил за клупскиот сајт.
О’Нил доаѓа во Ипсвич од Стразбур, со кого настапи во полуфиналето во Конференциската лига минатата сезона, а во француското првенство го освои осмото место.
Ипсвич се врати во Премиер лигата по едногодишна пауза, а новата сезона ќе ја стартува на 22 август на домашен терен против Сандерленд.

Ad
Ad