Connect with us

Тенис

Ѓорческа ја мина првата квалификациска пречка на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја мина првата пречка во квалификациите на Вимблдон откако попладнево ја совлада Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0 во сетови (6-2, 6-4) за 79 минути игра.

Ѓорческа искористи пет од осумте брејк шанси во дуелот, а противничката две од три. Во вкупниот број поени македонската тенисерка беше поуспешна 63:51, а на мрежа Ѓорческа имаше извонреден ефект 11/13, а Болуда 7/21.

Во првиот сет Лина Ѓорческа имаше комплетна доминација и сетот го доби со 6:2 во гемови искористувајќи ја третата сет топка.

Во вториот сет, Болуда направи брејк и поведе со1:0, но Ѓорческа веднаш возврати за 1:1 Во петтиот гем повторно Шпанката имаше брејк за водство од 3:2, но Ѓорческа повторно возврати со брејк за 3:3. Во десеттиот гем Ѓорческа ја реализираше првата меч топка и сетот го заврши со 6:4 во гемови.

Ова беше прва победа за Ѓорческа во меѓусебните дуели откако Шпанката триумфираше во 2021 година.

Противничка на Ѓорческа во второто коло од квалификациите ќе биде Франциска Жорге од Португалија (226. место ВТА ранг) која со 2-0 во сетови ја совлада 10. та носителка во квалификациите Далма Галфи од Унгарија.

Ad
Ad