Фудбал
Ливерпул одби понуда од Интер за Куртис Џонс
Премиерлигашот Ливерпул ја отфрли понудата во износ од 25 милиони евра на италијанскиот првак Интер за фудбалерот од средниот ред Куртис Џонс (25), јавија италијанските медиуми.
Договорот на Џонс со англискиот клуб истекува за една година.
Ливерпул, наводно, бара отштета од 40 милиони евра и удел во идниот трансфер на Џонс.
Медиумите известуваат дека разликата помеѓу она што го нуди Интер и она што го бара Ливерпул е преголема и затоа не се очекува преговорите да завршат брзо.



