Connect with us

Фудбал

Можно е трансфер „изненадување“ во Ливерпул

Репрезентативецот на Уругвај, Дарвин Нуњез би можел во овој летен преоден рок да се врати во Ливерпул што би претставувало големо изненадување. „Црвените“ имаат шанса без обесштетување да го вратат поранешниот играч во своите редови, откако играчот договорно го раскина договорот со Ал Хилал на крајот од сезоната.

Нуњез претходното лето направи трансфер во саудискиот клуб за сума 46 милиони фунти, но откако во февруари дојде Карим Бензема, уругвајскиот репрезентативец го загуби местото во тимот.

Новинарот Мартин Чаркуеро тврди дека враќањето на Дарвин во Ливерпул е договорено, но официјалната потврда сè уште нема бидејќи играчот побарал да остане фокусиран на обврските со својата репрезентација на Светското првенство. Уругвај вечерва на полноќ го игра првиот натпревар на Мундијалот против Саудиска Арабија.

Дарвин Нуњез на 24.јуни ќе наполни 27 години и многумина сметаат дека тоа се најдобрите години за фудбалерите. Во редовите на Ливерпул тој во 2022 година дојде по барање на тогашниот менаџер Јирген Клоп. За време на настапите во дресот на Ливерпул постигна 25 голови и имаше 16 асистенции, но често беше критикуван поради слаба реализација. Но, и покрај променливата форма беше еден од играчите кого навивачите на Ливерпул поддржуваа пред сè поради борбеноста кога беше на теренот. 

Ad
Ad