Connect with us

Фудбал

СП 2026: Клоп му се извини на Нагелсман

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, му се извини на селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, за неговите коментари околу составот на репрезентацијата за Светското првенство.

Клоп и поранешниот напаѓач на Баерн Минхен, Томас Милер, кои работат како експерти на Мундијалот, изјавија дека Џамал ​​Мусијала треба да започне на резервната клупа на средбата со Курасао (7:1), додека Дениз Ундава треба да биде вклучен во почетниот состав. 

По натпреварот Клоп рече дека „за среќа, Нагелсман сепак го избира составот“.

По победата на Германија, Клоп лично му се обрати на Нагелсман.

– Има уште нешто што морам да кажам. Ние сме исто така неформално дел од тимот и сме целосно на ваша страна. Сфатив едно, задутре ќе наполнам 59 години, а јас сум сè уште идиот. Ние сме целосно на ваша страна, без разлика што правите. Ништо кажано не беше наменето да ви ја попречи работата, потенцира Клоп.

Нагелсман мирно одговори на критиките од стручњаците, истакнувајќи дека Клоп и Милер постигнале голем успех во фудбалот и имаат право да ги изразат своите мислења.

Откако доби извинување, селекторот на Германија ги прифати зборовите на Клоп со насмевка и се ракуваше со него и Милер

Ad
Ad