Формула 1
Расел ќе стартува од пол позицијата на ГН на Каталонија
Британецот Џорџ Расел (Мерцедес) оствари најбрзо време на денешните квалификациите за Големата награда на Каталонија во Формула 1 и в недела ќе стартува од полпозицијата.
До него од првиот ред трката ќе ја почне неговиот сонародник и седумкратен светски шампион Луис Хамилтон (Ферари).
Актуелниот лидер во генералниот пласман, Италијанецот Кими Антонели (Мерцедес), ќе ја почне трката од третата позиција. Четврто време во квалификациите имаше актуелниот светски шампион Ландо Норис (Мекларен), пред Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул).
Од почетокот на сезоната во Ф1, полпозицијата ја освојуваа возачите на Мерцедес, Антонели има четири, додека ова е трета на Расел.
Трката за Големата награда на Каталонија е закажана за в недела со почеток во 15 часот.
јуни 14, 2026


