Connect with us

Фудбал

Рангник го одби Милан и останува австриски селектор

Германскиот стратег Ралф Рангник одлучи да остане селектор на Австрија до 2028 година.
Претходниот договор на 67-годишниот Рангник со Австриската фудбалска федерација истекуваше на крајот на Светското првенство, кое во моментов се одржува во Северна Америка, а на кое ја предводи австриската репрезентација прв пат по пауза од 28 години.
Со ова Рангник стави точка на најавите во италијанските медиуми кои изминатиот период го поврзуваа со трансфер во Милан ова лето.
Австрија ќе го игра својот прв натпревар на Светското првенство во вторник во Сан Франциско против Јордан. Во групата Ј се и Алжир и актуелниот светски шампион Аргентина.
Пред да ја преземе функцијата селектор на репрезентацијата на Австрија во 2022 година, Рангник беше тренер на Манчестер Јунајтед, а претходно ги водеше германските клубови Штутгарт, Шалке, Хофенхајм и Лајпциг.

Ad
Ad