Свет
Џеј Ди Венс: Нема одмрзнување на иранските средства при евентуален мировен договор
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави денеска дека нема да има одмрзнување на иранските средства во случај на евентуално потпишување мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран, додавајќи дека зделката што се подготвува е структурирана така што Исламската Република ќе биде лишена од економски придобивки доколку не ги исполнува своите обврски.
„Иранците нема да добиваат пари само поради тоа што потпишале некаков договор или учествувале на некоја средба“, дециден е Венс.
Тој, исто така, додаде дека во јавноста наишол на многу неточни информации во врска со потенцијалниот договор за повторно отворање на виталната Ормуска Теснина и целосното прекинување на иранската нуклеарна програма.
јуни 13, 2026


