Фудбал
Конте го напушти Наполи
Италијанскиот вицешампион Наполи попладнево официјално го потврди заминувањето на тренерот Антонио Конте, прецизирајќи оти двете страни спогодбено го раскинале договорот.
Заминувањето на Конте доаѓа откако Наполи, во чиј редови настапуваше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, не успеа да ја одбрани шампионската титула и ја заврши сезоната со трофејот во италијанскиот Суперкуп.
Клубот од Неапол го освои второто место во Серија А, со 11 бодови помалку од првопласираниот Интер, додека беше елиминиран во четвртфиналето од Комо во Купот на Италија.
„Му се заблагодаруваме на тренерот и неговиот персонал за нивната одлична работа и им посакуваме се најдобро во иднина и професионалните предизвици што ќе одлучат да ги преземат“, се вели во соопштението на Наполи.
Конте дојде во Наполи во јуни 2024 година.
Италијанските медиуми објавија дека главен кандидат за нов тренер на Наполи е Масимилијано Алегри.
јуни 5, 2026