Connect with us

Фудбал

Халанд во Реал – ветува претседателскиот кандидат на Реал Рикелме

Кандидатот за нов претседател на Реал Мадрид Енрике Рикелме најави „бомба“ ако победи на претседателските избори во мадридскиот клуб. Тој во емисија на домаќинот му подари дрес на Ерлинг Халанд, а потоа најави уште едно големо име од светот на фудбалот шпанскиот репрезентативец и соиграч на Халанд, Родри.

Дека не зборува во празно Енрике изјави дека доколку не победи на изборите ќе плати членарина за 100.000 членови на клубот.

Многу брзо по неговите вести стигнаа деманти од менаџерот на Халанд и од неговиот татко. Халанд има договор со Манчестер Сити до 2034 година.

Актуелниот претседател на Реал, Флорентино Перез како главен адут го има Жозе Мурињо.

Инаку Рикелме навестува дека ако победи спортски директор ќе стане легендата на клубот Раул Гонзалез, а работата со младинските категории ќе ја преземе уште една клупска легенда Фернандо Јеро.

Изборите во Реал Мадрид се закажани за 7.јуни.

Маркетинг
Маркетинг