Фудбал
Реал пред потпис со Конате
Реал Мадрид е блиску до потпишување договор со централниот дефанзивец Ибрахим Конате, кој на крајот на изминатата сезона го напушти Ливерпул.
Информацијата денеска ја објави новинарот Николо Шира, наведувајќи оти 27-годишниот Французин ќе потпише договор до 2031 година.
Платата на Конате ќе изнесува 10 милиони евра годишно.
Мадридскиот весник „АС“ објави дека францускиот репрезентативец ќе потпише четиригодишен договор со Реал, со можност за продолжување за уште една година.
Конате го носеше дресот на Ливерпул од 2021 година и за англискиот клуб одигра вкупно 183 натпревари.
јуни 3, 2026
