Connect with us

Хроника

Дебранка лажно пријавила семејно насилство, дебранец узурпирал над 4 илјади квадратни метри земјиште, сопственост на ЕСМ

Полициските службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода дебранка, поради лажна пријава за семејно насилство, а поднесена е кривична пријава против дебранец за узурпација на земјите, покрај Дебарско Езеро, сопственост на ЕСМ.

-Синоќа во 22:10 часот полициски службеници ја лишија од слобода 40-годишната С.Р. од дебарско село затоа што претходно во полициска станица лажно пријавила семејно насилство по член 366 од Кривичниот законик, односно лажно пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, информираше Секторот за внатрешни работи – Охрид.

По целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Секторот исто така информираше дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднела кривична пријава против Џ.Ц.(32) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Пријавениот, на катастарска парцела во Катастарска општина Дебар и Катастарска општина езеро Шпиље, во сопственост на АД ЕСМ Скопје узурпирал земјиште со површина 4.320 квадратни метри.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1