Хроника
Мотоциклист од Велес тешко настрадал во судир со автомобил
Во СВР Велес било пријавено дека вчера попладне околу 16:45 часот, на регионалниот пат езеро „Младост“-Велес, во близина на крстосница на улица „Академик Пенчо Давчев“ со улица „Димитар Андонов Папрадишки“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 35 годишниот Т.К. од Велес и патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 45 годишниот Б.Д.од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот. Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило и сопатниците во возилото 47-годишната Т.Д. и 16-годишен малолетник, констатирани во Општа болница Велес, информираат попладнево од СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес
мај 25, 2026
