Connect with us

Политика

Манасиевски: СДС и Филипче велат дека се проевропски за да се оправдаат за националните предавства, истовремено одржуваат проруски врски

За СДС, Филипче и неговиот ментор Заев, патот до ЕУ мора да биде преку национални предавства и обезличување. Затоа Филипче вели дека немаат проблем да потпишуваат сѐ – уште веднаш, и да прават секакви отстапки, без притоа да има било каква гаранција за Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Истовремено, СДС и Венко Филипче се претставуваат како проевропски и зборуваат за европски вредности, а одржуваат проруски врски.

Така му дадоа македонско државјанство на прорускиот бизнисмен Александар Онишченко. Човек кој избега од Украина поради перење на пари и корупција, а кој Заев и Филипче го пречекаа со отворени раце.

Друг ваков пример, за шемите на Заев и Филипче, е случајот со Борче Марковски. Почесниот конзул на Белорусија во Македонија, кој благодарение на Заев и Филипче доби 77 државни тендери од кои 66 беа од ЕСМ во вредност од 141 милион евра.

Да не ги заборавиме и бизнис шемите поврзани со прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, за кој Заев, ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваше ДУП во Тетово, за да му овозможи на Дака да изгради 2.000 станбени единици вредни 200 милиони евра.

Почитувани граѓани,

Јавноста е доволно запозната со сите овие случаи, како и со политиките кои СДС ги водеше додека беше на власт.

СДС и Венко Филипче, во нивниот обид за ребрендирање како проевропски, веројатно мислат дека граѓаните имаат заборавено на нивните криминални шеми.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3