Connect with us

Фудбал

Хулк потпиша за Флуминенсе

Бразилскиот напаѓач Хулк официјално е нов фудбалер на Флуминенсе.

Триесетидеветгодишниот поранешен бразилски репрезентативец потпиша договор до крајот на 2027 година и ќе го носи дресот со број 7.

Хулк му се приклучи на Флуминенсе без обесштетување, откако го раскина договорот со Атлетико Минеиро, за кој настапуваше од 2021 година и освои седум трофеи.

Хулк од 2008 до 2012 година беше дел од португалскиот Порто, со кој ја освои Лига Европа во 2011 година, а од 2012 до 2016 година настапуваше за руски Зенит.

Со бразилската репрезентација, Хулк го освои Купот на конфедерациите во 2013 година и сребрениот медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3