Connect with us

Фудбал

Артета: Долго чекавме на ова финале

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави оти е горд на своите фудбалери кои синоќа изборија пласман во финалето во Лигата на шампиони, прво за лондонскиот клуб од 2006 година.

„Се гордеам си нив и многу сум среќен. Долго чекавме на ова финале и сум исклучително среќен што го постигнавме пред нашите навивачи. Нашите навивачи се горди на нас“, рече Артета.

Арсенал во полуфиналето го елиминираше мадридски Атлетико, откако на реваншот во Лондон победи со 1-0 по ремито 1-1 пред една недела на гостувањето во Шпанија.

„Атлетико е многу конкурентен тим кој одигра многу вакви натпревари и има многу искуство. Голот нè стави во добра позиција, но потоа мораше да издржиме и да бидеме трпеливи. Покажавме зрелост“, додаде Артета.

Противник на Арсенал во финалето на 30 мај во Будимпешта ќе биде победникот од второто полуфинале во кое Баерн Минхен вечерва го пречекува бранителот на титулата ПСЖ со негатива од 4-5 од првиот натпревар во Париз. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 4