Connect with us

Фудбал

Симеоне: Спокоен сум, екипата даде максимум

Долгогодишниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не успеа да дојде до своето трето финале во Лигата на шампиони со шпанскиот клуб, откако во вторникот вечер загуби на гостувањето од лондонски Арсенал со 1-0 во реванш полуфиналниот натпревар, по ремито 1-1 пред една недела на „Метрополитано“.

„Ако сме елиминирани, тоа значи дека нашите противници заслужиле да одат понатаму. Тие ги искористија своите шанси, вклучително и одличната шанса во првото полувреме, и заслужено ќе играат во финалето. Ако ме прашате како се чувствувам, се чувствувам смирен и спокоен, тимот даде апсолутно сè“, рече Симеоне.

„Игравме добро во одбраната во првото полувреме, не толку добро во нападот, но се подобривме. Имавме свои шанси и работите можеа да тргнат во наша корист, но за жал не се случи тоа“, рече Симеоне.

Атлетико под водство на Симеоне два пати играше во финалето во Лигата на шампиони, во 2014 и 2016 година, но и двата пати од Реал Мадрид.

Симеоне посочи дека и самиот пласманот во полуфиналето оваа сезона е голем успех за клубот.

„Бевме добри против Барселона во четвртфиналето, а бевме добри и во полуфиналето против Арсенал. Игравме неверојатно, пред сè благодарение на напорната работа на играчите. Се надевам дека навивачите го ценат тоа што го направивме во последните неколку натпревари“, додаде тренерот на Атлетико по елиминацијата од Арсенал.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2