Connect with us

Свет

Масовниот убиец Брејвик повторно го променил името во норвешкиот национален регистар

Масовниот убиец Андерс Бејринг Брејвик, осуден за терористичките напади во Осло и на островот Утоја во 2011 година, повторно го променил своето име во националниот регистар.

Норвешките медиуми објавуваат дека Брејвик во 2017 година го променил името во Фјотолф Хансен, а според официјалните записи минатата година повторно го сменил во Фар Скалдигримр Раускјолдр аф Нортрики.

Брејвик во 2012 година беше осуден за терористичките напади во владиниот кварт во Осло и на островот Утоја, во кои беа убиени 77 лица. Тогаш му беше изречена казна од 21 година затвор, што во тоа време беше најстрога казна според норвешките закони.

Од изрекувањето на пресудата, тој се наоѓа во строга изолација во затвор. Повеќепати му е одбиено барањето за условен отпуст, а ги изгуби и судските постапки против државата поврзани со условите за издржување на казната.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3