Connect with us

Фудбал

Алберт од Борусија Дортмунд стана најмладиот американски играч во Бундеслигата

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матис Алберт, стана најмладиот Американец што играл во Бундеслигата. Тој вчера го имаше своето деби за главниот состав на тимот на возраст од 16 години, 11 месеци и 5 дена.

Алберт, по потекло од Гринвил, Јужна Каролина, влезе на теренот во 88. минута од натпреварот од Бундеслигата помеѓу Борусија Дортмунд и Фрајбург (4:0) во 31. коло.

Американецот го сруши рекордот поставен од Џо Рејна, кој исто така дебитираше за Борусија Дортмунд, на 18 јануари 2020 година. Рејна тогаш имаше 17 години, 2 месеца и 5 дена, што е подобро од  претходниот рекордер, Кристијан Пулишиќ, кој имаше 17 години, 4 месеци и 12 дена кога дебитираше во Бундеслигата за Борусија Дортмунд на 30 јануари 2016 година.

Алберт се приклучи на школата на Борусија Дортмунд од младинската програма на Лос Анџелес Галакси во 2024 година и беше дел од репрезентацијата на САД на Светското првенство до 17 години минатата година.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3