Connect with us

Свет

Норвешката влада планира забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години

Норвешката влада денеска соопшти дека ќе предложи забрана за користење на социјалните мрежи за деца помлади од 16 години и дека технолошките компании ќе бидат одговорни за проверка на возраста на младите корисници.

– Го воведуваме овој закон затоа што сакаме детство во кое децата можат да бидат деца. Игрите, пријателствата и секојдневниот живот не смеат да бидат преземени од алгоритмите и екраните – изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре во соопштението.

Според него, ова е важна мерка за заштита на дигиталниот живот на децата.

Како што најави владата, предлог-законот ќе биде доставен до парламентот до крајот на оваа година. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 1