Connect with us

Општини

Повик за магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на Дипломатската школа во Мадрид, за учебната 2026-2027 година

Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје известува за повикот на шпанското Министерство за надворешни работи за прием на магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на Дипломатската школа во Мадрид, за 2026 – 2027 година, насочени кон дипломатски службеници и кон кандидати што не се дипломати.

-Магистерските студии се консолидирани и познати како светска референца за подготовка на аналитичари и експерти за меѓународни односи и меѓународна политика, на шпански јазик. Постои и можност за добивање стипендија. Сите потребни информации може да се најдат на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Шпанија: Disposición 8058 del BOE núm. 88 de 2026, се наведува во објавата на Министерството за образование и наука. 

Kраен рок за поднесување на апликациите е 24 април 2026. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4