Општини
Министерот Хоџа во Виена ги презентираше еколошките приоритети пред австриската влада
Во рамки на официјалната посета на Австрија, денеска во Виена се одржа пленарна средба на двете владини делегации, на која министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се осврна на приоритетите во процесот на зелена трансформација.
Хоџа нагласи дека земјата се соочува со наследени еколошки предизвици и дека фокусот е на нивно решавање преку трајни системи и капитални инвестиции.

Меѓу приоритетите издвоени пред двете делегации се истакнаа регионалните центри за управување со отпад, и изградбата на пречистителни станици како конкретни чекори кон затворање на нестандардните депонии и намалување на загадувањето на водите.
Австрија беше посочена како модел и клучен партнер во процесот на усогласување со европските стандарди, а министерот Хоџа изрази убеденост дека посетата на високо владино ниво ќе поттикне конкретни чекори во билатералната соработка – за добробит на животната средина и граѓаните во двете држави.
април 23, 2026

