Connect with us

Свет

ЕК бара подобра координација помеѓу земјите-членки на ЕУ за да се избегне недостиг на керозин

Европска комисија ги повика земјите-членки на Европска Унија заедно да работат за да се избегне недостиг на керозин за време на претстојната сезона на летни одмори.

– Достапноста и оперативниот капацитет на европскиот сектор за рафинирање на нафта мора да биде на максимум за да се задоволи моменталната побарувачка, особено за гориво за авиони, бидејќи приближно 40 проценти од нашата потрошувачка на гориво за авиони се увезува, а околу половина од целиот увоз поминува низ Ормуска Теснина – се наведува во препораката на ЕК.

ЕК посочува дека е потребно „координирано следење и потенцијално колективно дејствување за да се зголеми постојното производство на европските рафинерии, вклучително и преку координирано и навремено ослободување на резервите за итни случаи“.

Лидерите на ЕУ утре на Самитот на Кипар ќе разговараат за препораката на ЕК.

Според податоците на ЕК, по отпочнувањето на војната во Иран, ЕУ потроши дополнителни 24 милијарди евра за увоз на енергенси поради зголемувањето на цените. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4