Connect with us

Свет

Песков: Русија останува клучен играч на енергетските пазари

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија останува клучен играч на енергетските пазари, кои поминуваат низ „тешки времиња“.

– Русија останува одговорен и важен играч на глобалните енергетски пазари. Пазарите во моментот поминуваат низ тешки времиња и, секако, тешко е да се игнорираат руските количини – посочи Песков.

Коментирајќи го продолжувањето на одлуката за ублажување на американските санкции за продажба на руска нафта, истакна дека е невозможно да не се земат предвид многу руските енергетски резерви на глобалните пазари.

Министерството за финансии на САД пред два дена соопшти дека е обновена лиценцата за продажба на руска нафта, а товарена на бродовите пред 17 април. Во лиценцата, објавена на веб-страницата на Министерството за финансии, се наведува дека оваа лиценца ќе важи до 16 мај 2026 година.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3