Connect with us

Свет

Јапонија ќе извезува воени бродови првпат по Втората светска војна, според договорот меѓу „Мицубиши хеви индустрис“ и Австралија

Акциите на најголемата јапонска одбранбена компанија „Мицубиши хеви индустрис“ (Mitsubishi Heavy Industries) денеска пораснаа за речиси четири проценти по финализирањето на договорот со Австралија за изградба на три фрегати. Ова ќе биде првиот извоз на јапонски воени бродови од крајот на Втората светска војна, а испораката на првиот брод на Кралската австралиска морнарица е закажана за 2029 година, објави Си-ен-би-си.

Акциите на „Мицубиши хеви индустрис“ пораснаа за 3,64 проценти откога компанијата го објави договорот. Тие пораснаа за речиси 75 проценти во последните 12 месеци.

Договорот од 10 милијарди австралиски долари (7,15 милијарди долари) првпат објавен во август, доаѓа во услови на извештаи дека Јапонија се подготвува да ги ублажи ограничувањата за извоз на оружје овој месец.

Во меѓувреме, Канбера издвои до 20 милијарди австралиски долари за флота од 11 фрегати за општа намена. Првите три ќе ги изгради „Мицубиши хеви индустрис“.

Новите воени бродови, базирани на надградената фрегата од класата „Могами“ (Mogami), ќе ги заменат сегашните бродови од класата АНЗАК (ANZAC) на австралиската морнарица, кои се во употреба од 80-тите.

Јапонската компанија ја доби нарачката пред германскиот конкурент „Тисен круп марин системс“ (ThyssenKrupp Marine Systems), кој исто така учествуваше на тендерот.

Според австралиските медиуми, „Мицубиши хеви индустрис“ понудил пократки рокови на испорака од германскиот производител. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1