Connect with us

Свет

Големи заеднички воени маневри на армиите на Филипините и на САД

Армиите на Филипините и на САД денеска започнаа годишни заеднички вежби, со учество на повеќе од 17 илјади војници, боеви гаѓања, симулиран поморски напад и интегрирани воздушни маневри.

Во 19-дневните маневри „Balikatan“ што воглавно имаат за цел увежбување територијална одбрана, учествуваат и единици на вооружените сили на Јапонија, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Франција.

Јапонија за првпат активно учествува во „Balikatan“, што во превод значи „рамо до рамо“, додека претходно нејзиното учество беше ограничено на хуманитарна помош и активности за дејствување во услови на природни непогоди.

Началникот на Генералштабот на филипинските вооружени сили, Ромео Браунер, изјави дека годишните вежби го потврдуваат силното безбедносно сојузништво меѓу Манила и Вашингтон во нивните напори за безбеден азиско-тихоокеански регион.

„Остануваме заеднички посветени кон почитувањето на меѓународното право, суверенитетот и придонесот кон слободен и отворен Индо-Пацифик, како регион што каде државите можат да напредуваат без принуда“, рече тој на отворањето на маневрите.

Американската страна ги опиша „Balikatan“ како „моќна демонстрација“ на „цврстата посветеност“ кон сојузништвото со Филипините.

Американски генерал изјави дека вежбите што се одржуваат од 1991 година, имаат за цел зајакнување на заедничките способности со користење напредни системи и подобрување на севкупната подготвеност на армиските капацитети.

Вежбите главно се одржуваат на северниот остров Лузон, дел и во провинции во близина на Јужното Кинеско Море и Тајванската Теснина.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3