Connect with us

Свет

Лула да Силва: Петте постојани членки на ОН треба да го променат своето однесување по војната во Иран

Петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации треба да се согласат да го променат своето однесување откако не успеаја да ја запрат војната во Иран, изјави денеска бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.

„Не можеме да се будиме секое утро и да си легнуваме секоја вечер со твит од претседател кој му се заканува на светот и објавува војни“, додаде Лула да Силва на самитот на прогресивните лидери во Барселона, а неговите зборови најверојатно се однесуваат на американскиот претседател Доналд Трамп, иако тој експлицитно не го именуваше.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој беше домаќин на шестиот состанок за одбрана на демократијата, повика на „итна реформа и обнова“ на Обединетите нации и мултилатералниот систем и предупреди на напади врз мултилатералниот поредок и „опасна нормализација на употребата на сила“, пренесува РТВЕ.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3