Фудбал
АС: Целта на Клоп не е Реал, туку Германија
Иднината на 58-годипниот Јирген Клоп не е поврзана со тренерското место во Реал Мадрид, туку негова долгорочна цел е да седне на клупата на Германија, објави денеска весникот „АС“.
Според шпанскиот весник, Клоп се чувствува комфорно и среќно на неговата сегашна позиција како спортскиот директор на „Ред Бул Груп“ и не планира во скоро време да се врати на тренерската работа.
Клоп својот последен тренерски ангажман го имаше во Ливерпул, предводејќи го англискиот клуб од 2015 до 2024 година.
Реал во јануари го назначи Алваро Арбелоа за нов тренер, но според медиумите Шпанецот ќе го напушти клубот на лето.
Според португалскиот печат, Жозе Мурињо е меѓу кандидатите за клупата на Кралскиот клуб.
април 19, 2026

