Connect with us

Фудбал

Медиуми: Сезоната заврши за Гнабри

Напаѓачот на Баерн Минхен, Серж Гнабри, поради повреда веројатно ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на сезона, што го доведува во прашање неговиот настап за германската репрезентација на претстојното Светското првенство, јавија синоќа локалните медиуми.
Гнабри има повреда на мускулот на десната нога и ќе биде надвор од терените подолг период, објави Баерн.
Клубот не даде дополнителни детали, оставајќи ја неизвесна сериозноста на повредата и временската рамка за враќање на 30-годишниот напаѓач.
Според медиумските извештаи, Гнабри ќе ги пропушти сите преостанати натпревари во кои Баерн е во борба за тројна круна.
Додека титулата во Бундеслигата е речиси обезбедена, Баерн ќе се соочи со Баер Леверкузен на гостински терен во полуфиналето на германскиот Куп, в среда, пред да се соочи со актуелниот европски шампион ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4