Connect with us

Фудбал

ПСЖ пред разделба со Маркињос на крајот на сезоната

Актуелниот европски првак ПСЖ нема да му прави пречки на капитенот Маркињос при евентуално заминување од екипата на крајот од сезоната, објави денеска парискиот весник „Л Екип“.

Според истиот извор, 31-годишниот Бразилец самиот ќе одлучи дали сака да остане во тимот, бидејќи парижаните се склони да се разделат од играчот на лето.

Маркињос е во ПСЖ од 2013 година. Оваа сезона запиша 26 настапи во сите натпреварувања и постигна два гола.

Неговиот договор со европскиот првак истекува во лето 2028 година

Маркетинг
Ad 1
Ad 2