Connect with us

Општини

Во Струмица литија со иконата на Богородица Брзопослушничка

Во Струмица по деветти пат ќе биде одржана литија со иконата со ликот на Пресветата Богородица Брзопослушничка.

Празнувањето ќе почне денеска со свечена вечерна богослужба. Во сабота, по Светата Божествена Литургија која ќе почне во 8.30 часот во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, свештената литија во 10 часот ќе се упати кон храмот на Свети Кирил и Методиј, а оттаму до плоштадот Гоце Делчев во Струмица. Таму ќе биде отслужен Молебен, по што иконата заедно со свештената поворка ќе дојде до храмот на Свети Димитриј и Свети Григориј Палама, каде што наредните десетина дена верниците ќе можат да ѝ оддадат почит.

Скоро цела деценија, иконата на Богородица Брзопослушничка претставува место на утеха за илјадници верници од Македонија и поширокиот регион, кои преку целата година, поединечно или организирано, доаѓаат да се поклонат пред неа.

Пред девет години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” во Струмица, како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар

Маркетинг
Ad 2
Ad 4