Connect with us

Општини

Законот за работно ангажирање лица презентиран пред бизнис-заедницата во Охрид

Проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“ како дел од Кампањата „Фер ангажман“ денеска беше презентиран пред претставниците на бизнис-заедницата во Охрид.

Информативната сесија во Охрид беше добра можност работодавачите од секторите на дејност земјоделство, туризам, угостителство, услуги во домаќинството, како и пошироката јавност да се информираат за придобивките и правата уредени со новата легислатива.

Законот за работно ангажирање на лица обезбедува правна сигурност и фер-правила за сезонска и повремена работа, обезбедува пријавена работа, пензиски стаж, осигурување при повреда на работа, зачувување и поедноставена електронска на социјалните права на работниците, како и поедноставена електронска регистрација за работодавачите, беше посочено на презентацијата.

Кампањата „Фер ангажман“, е осмислена во насока да се создаде поефикасен, законски и фер-систем за ангажирање на сезонски и повремени работници. Таквиот пристап овозможува сигурност за работниците и ефикасност за работодавачите и е дел од пошироката поддршка на Германија за реформите на пазарот на трудот и намалување на неформалната економија во Северна Македонија.

По одржаните сесии во Тетово, Прилеп, Неготино, Куманово, Струга и Охрид кампањата продолжува во Струмица на 28 април.

Кампањата  ја спроведуваат Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и креирање политики (ЦИКП) во соработка со Центарот за истражување и Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување, со финансиска поддршка на Сојузна Република Германија.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2