Општини
Утре и задутре симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, дека на 17.04.2026 со почеток од 15.00 часот и 18.04.2026 со почеток од 13.30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба чија цел е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации.
Во рамките на вежбата ќе има зголемен број полициски службеници и возила и ќе се слушаат звуци на користење на огнено оружје.
април 16, 2026

