Connect with us

Свет

Кремљ не очекува пријателство, но посакува прагматичен дијалог со Будимпешта

Русија и Унгарија тешко дека ќе станат пријатели по стапувањето на должност на новиот унгарски премиер и лидер на партијата Тиса, Петер Маѓар, но позицијата шеф на влада подразбира манифестација на голема прагматичност и Москва се надева на таков пристап од страна на Будимпешта,- истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Слушнавме разни изјави. Тој (Петер Маѓар) веќе изјави дека е подготвен да разговара со (рускиот претседател Владимир) Путин, но дека Русија и Унгарија никогаш нема да станат пријатели“, нагласи претставникот на Кремљ во коментар за „Вести“.

Песков појасни дека во политиката е едно кога се даваат изјави додека сè уште не се извршува државна функција, но кога ќе се заземе таква позиција, се појавуваат други, попрагматични разбирања. – Е, па, да се надеваме на тоа – додаде тој.

Кремљ посочува дека е задоволен од фактот што и Маѓар сака прагматичен дијалог со Москва.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4