Connect with us

Свет

Нетанјаху: Израел нападна железнички линии и мостови во Иран

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во денешното видеообраќање изјави дека израелската армија нападнала железнички линии и мостови во Иран, бидејќи  патна инфраструктура се користи за воени цели од страна на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

– Вчера, нашите пилоти уништија транспортни авиони и десетици хеликоптери во иранска воздухопловна база. Денеска тие нападнаа железници и мостови што ги користи Корпусот на Исламската револуционерна гарда, наведе Нетанјаху.

Според Нетанјаху железниците биле користени од страна на ИРГЦ за испорака на материјали за производство на оружје, како и за транспорт на оружје и воен персонал.

Претходно, иранските медиуми објавија за широко распространети напади врз транспортната мрежа на Исламската Република во пресрет на ултиматумот на американскиот претседател Доналд Трамп против Техеран, што истекува вечерва.