Фудбал
Меси го посети реновираниот „Камп Ноу“
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, го посети реновираниот стадион во Барселона.
– Синоќа се вратив на место кое ми недостига со сето срце. Место каде што бев неизмерно среќен, каде што вие ме направивте да се чувствувам илјада пати посреќен од најсреќниот човек на земјата. Се надевам дека еден ден ќе можам да се вратам да се збогувам како играч, што никогаш не го направив, напиша Меси на социјалните мрежи.
Триесет и осумгодишниот Меси играше за Барселона од 2003 до 2021 година. Тој е осумкратен освојувач на Златната топка и освојувач на Светското првенство со репрезентацијата на Аргентина.
Реконструкцијата на „Камп Ноу“ започна во јуни 2023 година. Откако ќе биде завршена, стадионот ќе може да прими 105.000 гледачи, што е зголемување од претходниот капацитет од 99.000.
Враќањето на каталонскиот фудбалски гигант на арената е одложено неколку пати.
ноември 11, 2025

