Connect with us

Свет

Полицијата изврши претрес во четири куќи во Антверпен во рамки на можна антитерористичка истрага

Белгиската полиција по налог на Федералното јавно обвинителство на Белгија денеска изврши претрес во четири куќи во Антверпен. 

Како што јави белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ, полицијата ги евакуирала жителите на четирите куќи и го блокирала реонот околу нив, а во акцијата биле вклучени и припадници на службата за деактивирање експлозивни направи и полициски кучиња трагачи. 

Според полициски извори, акцијата била спроведена откако се појавил „безбедносен ризик за време на истрага на Федералното обвинителство“. 

ВРТ посочува дека истрагата ја води истражен судија од Антверпен специјализиран за случаи поврзани со тероризам, па од таму постои сомнеж дека станува збор за антитерористичка акција. 

Засега нема повеќе детали за случајот.

Ad
Ad