Турција е еден од нашите најважни економски и трговски партнери. Трговската размена минатата година достигна една милијарда американски долари, што претставува значаен резултат, но и поттик...
Денеска, почна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи вчера помина во прво читање на пленарна седница во Собранието. Ова е уште еден...
Токму последиците од преспанскиот договор и добиеното вето од страна на Франција, а потоа и од Бугарија, коешто не беше најавувано од СДС, напротив имавме кампања...
Собранието ги усвои предложените измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој за периодот 2021–2031, со што се обезбедува нејзино усогласување со актуелните демографски и развојни...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд. Акцентот е ставен на отворање нови работни места и намалување...
СДС се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело со Венко Филипче, повторно бараат некој...
Од денеска граѓаните ќе може да го користат правото за обука за управување со мотоцикл до 125 кубни сантиметри во автошколи што имаат лиценца за А1-категорија...
Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска повторно покажа дека за СДС македонскиот јазик е само тема за прес-конференции и политички маркетинг, а не за вистинска работа. Додека таа патуваше низ светот со државни пари, наместо да ја врши својата основна пратеничка работа во Собранието, Министерството за култура и туризам во рамките на своите законски ингеренции работеше конкретно и системски. Резултатите се видливи, и покрај сите административни и процедурални пречки што ги остави претходната власт. Законот за употреба на македонскиот јазик беше донесен во јануари 2024 година токму со поддршка на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а не со ентузијазам од СДС. По сите неопходни собраниски процедури, во јули 2025 година започна со работа Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик – прв ваков орган во историјата на државата. Помалку од една година подоцна, веќе тече постапката за вработување на петмина инспектори по македонски јазик, кои ќе поминат и соодветна обука за лиценцирање. Во тек е прибирањето на детални податоци од сите државни органи за вработените лектори и степенот на почитување на Законот, по што Инспекторатот ќе преземе конкретни мерки. Формирана е и работната група за Националната стратегија за македонскиот јазик, која активно работи. Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, наместо да ја барате надзорната расправа со ургенции и театар, подобро беше да останевте во Скопје и да ја вршевте својата работа. Тогаш можеби надзорната расправа ќе беше одржана уште во март, кога ја најавивте. Очигледно, патувањата беа поважни. Македонскиот јазик не е „политичка битка“ како што велите, тој е државна и национална обврска. Ние ја работиме таа обврска сериозно и институционално, а не со прес-конференции и обвинувања. Резултатите доаѓаат преку работа, а не преку патувања и политички спектакли.Време е за вистински национален став, а не за партиски игри и лицемерие.
Собранието даде поддршка за предлог-законот за игрите на среќа, со кој се предвидуваат построги правила за работењето на казината, обложувалниците и другите приредувачи на игри на...