Connect with us

Фудбал

Тотенхем се договори со Манчестер сити за позајмица на Мармуш

Тотенхем се согласи на позајмица за напаѓачот на Манчестер сити, Омар Мармуш, со обврска за откуп за приближно 70 милиони евра во летото 2027 година, објави „BBC“.

Дваесет и седумгодишниот Египќанец се приклучи на Манчестер сити од Ајнтрахт Франкфурт во јануари 2025 година. Тој одигра 62 натпревари за „Граѓаните“, постигнувајќи 16 гола и шест асистенции.

Договорот на Мармуш со Сити е до 30 јуни 2029 година.

„Тransfermarkt“ ја проценува вредноста на египетскиот интернационалец на 50 милиони евра.