Останати спортови
МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше успешен старт на Медитеранските игри во Таранто, совладувајќи го Албанецот Ариол Зенели во денешната четвртфинална борба во категоријата до 60 килограми.
Рустемовски беше супериорен во рингот и обезбеди пласман во полуфиналето со технички нокаут во третата рунда.
Противник на македонскиот боксер во полуфиналната борба за медал ќе биде Шпанецот Марин Ернандез.
Полуфиналната борба е закажана за утре, со почеток во 15 часот.
август 25, 2026
